Американскиот Стејт департмент го осуди барањето на рускиот претседател Владимир Путин за намалување на бројот на американскиот дипломатски персонал во Русија за 755 луѓе. Притоа е наведено дека Вашингтон ги разгледува можните одговори на ваквиот потег на Москва. Путин во неделата нареди 755 американски дипломати да ја напуштат Русија како одговор на последните санкции на Вашингтон. „Над илјада луѓе работеле и се уште работат во американската амбасада и конзулатите“, изјави тој во интервју за руската телевизија, додавајќи дека 755 американски дипломати ќе мора да ги пркинат нивните активности во Русија.