Заев - Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси на Македонија, рече премиерот Зоран Заев претставувајќи го договорот пред јавноста. Со ова се затвора прашање што непотребно одвлекува внимание и енергија, рече тој, додавајќи дека Бугарија ги поддржува македонските евроинтеграции без поставување услови. Договорот ќе биде потпишан на македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и на бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија.