На Клиниката за инфективни болести починале две лица од гостиварско село кои биле донесени во тешка здравствена состојба, со висока температура, пролив и повраќање, изјави денеска претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерствотот за здравство и директор на Инфективната клиника Звонко Миленковиќ.
На Клиниката во моментов се хоспитализирани четири лица од истиот регион со полесна клиничка слика. Миленковиќ посочи дека центрите за јавно здравје кои веднаш излегле на терен и вршат епидемиолошки испитувања.
„Инфективната патологија подразбира голем број различни заболувања, меѓу нив и такви кои може да се пренесуваат на човекот и да предизвикаат болест. Во конкретниот случај не станува збор за болести кои имаат висок степен на трансмисивност меѓу луѓето. Од тука не гледам причина за создавање паника или несигурност меѓу луѓето“, вели Миленковиќ