Бугарската влада го одобри текстот на договорот со Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Владата на Бугарија на денешната седница го одобрила текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Македонија. Бугарскиот премиер Бојко Борисов, како што наведуваат од владината прес-служба, изјавил дека потпишувањето на договорот е израз на желбата на земјата да изгради модерни, добрососедски односи, засновани на европски вредности.