Претседателот Иванов повикува Владата да го објави договорот со Бугарија

Архивска фотографија - Претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов ја повикува Владата да го објави и образложи текстот на договорот за добрососедство со Бугарија пред негово потпишување. Од неговиот кабинет соопштуваат дека Иванов смета оти отсуството на транспарентност предизвикало негативни коментари и загриженост во јавноста, која треба да се надмине со објавување на текстот на договорот.

„Претседателот Иванов потенцира дека секогаш треба да се имаат предвид националните и државните интереси на Република Македонија и дека кој било меѓудржавен договор не смеe да бидe на штета на македонските национални интереси“, стои во соопштението.

Вчера Иванов се сретнал со министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој го информирал за последната нацрт-верзија на договорот.