Американскиот секретар за одбрана Џим Матис критикуваше официјални претставници на Пентагон за тоа што непотребно потрошиле над 28 милиони долари за авганистански униформи со камуфлажа за во шуми. „Купувањето вакви униформи е расфрлање десетици милиони долари од даночните обврзницци“, наведува тој по извештајот на специјалниот инспектор за обнова на Авганистан. Во извештајот се наведува дека таквите униформи се бескорисни во земја која има само 2 насто шуми на нејзината територија.