Канческа - Милевска изненадена од барањето на СЈО за притвор

Прес-конференција на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во Музејот на ВМРО во врска со случајот „Тендери“.

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа -Милевска изјави денеска дека е изненадена од мерката притвор, која ја бара СЈО. Според неа, не постоела причина за попречување на постапката оти секогаш се јавувала на поканите на СЈО.

Канческа - Милевска, која е обвинета во случајот „Тендери“ на СЈО пред Апелациониот суд се жалеше на одземањето на нејзинот пасош, а СЈО за неопределување на мерката притвор. Случајот „Тендери“ се однесува на набавките поврзани со изградбата на музејот на ВМРО.