Апелациониот суд ги одбил како несоновани поднесените жалби за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд за обвинетите во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности, објавија синоќа дел од медиумите, повикувајќи се на извори во Судот. Одлуките ќе бидат објавени денеска на веб страницата на Судот и на нив странките немаат право на жалба. За обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и поранешните министри за транспорт и врски Миле Јанакиески и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, СЈО бараше притвор како мерка за обезбедување присуство и за да се онезвозможи да влијаат на сведоци или на други обвинети. Овинетите, пак, на јавните седници во Апелациониот суд во петокот се изјаснија дека не се виновни, дека немаат намера да бегаат и побараа укинување на мерките за претпазливост. Апелациониот суд досега ги одби сите поднесени жалби на решенијата на Кривичниот суд во врска со предметите на СЈО.