Владата на Република Македонија ги темели своите активности на принципот на градење едно општество за сите. Низ ова, определбата за итни реформски приоритети и унапредувањето на добрососедската соработка, ги отвораме вратите кон ЕУ и НАТО, истакна премиерот Зоран Заев на денешната средба во Сараево со претседавачот на Претседателството на БИХ, Драган Човиќ.
Како што соопшти владината прес-служба на средбата е констатирано, дека со денешната официјална посета на владината делегација на највисоко ниво од Република Македонија во БИХ, се надминува непотребната двегодишна стагнација во односите меѓу двете земји, со оглед на тоа што станува збор за пријателски држави со исти стратешки цели, ЕУ и НАТО.