Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа седница во функција на подготовка на локалните избори што, како што е најавено, ќе бидат распишани најверојатно на 6 август, а треба да се одржат на 15 октомври.
На седницата беа усвоени упатствата за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори, за важечки и неважечки гласачки ливчиња, како и за утврдување на личниот идентитет на гласачот.
Во упатството за поднесување на кандидатските листи оваа година има дополнително објаснување за родовата застапеност.