Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во Атина ќе се сретне со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, која е во посета на Грција. По средбата е закажана и прес-конференција, а потоа Коѕиас ќе организира и работен ручек во нејзина чест. Могерини во Атина треба да се сретне и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, со премиерот Алексис Ципрас и со министерот за одбрана Панос Каменос.