Шефот на иранската Револуционерна гарда Мохамед Али Џафари ги предупреди Соединетите држави да ги повлечат своите бази од регионот на Персискиот залив за да се спречат „погрешни потези“ околу новите американски санкции против Техеран. Деновиве американската администрација воведе нови санкции поради иранската програма на балистички ракети. Техеран санкциите ги оцени за незаконски бидејќи програмата за развој на балистички ракети била одбранбена и не е дел од нуклеарната спогодба меѓу Иран и светските сили.