Повеќе од 2000 лица во Холандија ќе присуствуваат на поставувањето на споменикот за жртвите од соборениот патнички авион на Малезија Ерлајнс во источна Украина. Холандскиот крал Вилем Александер и кралицата Максима заедно со меѓународни претставници ќе присуствуваат на откривањето на споменикот во парк во близина на аеродромот Шипхол во Амстердам.
Семејствата на жртвите ќе ги читаат имињата на сите 298 патници и членови на екипажот. Најголем дел од патниците на авионот кој од Аместердам леташе за Куала Лумпур беа од Холандија, но и од Австралија, Малезија и Индонезија. Истрагата во 2015 година покажа дека авионот во 2014 година бил соборен од руски ракетен систем Бук од страна на бунтовниците во источна Украина.