Ребалансот на буџетот во собраниска процедура

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, архивска снимка

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Македонија денеска ја почнува расправата по предлог ребалансот на буџетот. Најмногу амандмани има поднесено ВМРО-ДПМНЕ седумстотини и шест. СДСМ не дала ниту еден, а останатите 134 амандмани се од албанските партии. Според предложениот ребаланс се предвидува дефицитот на Буџетот да остане 2,9 отсто од БДП, а предвидениот раст да изнесува 2,2 проценти наместо првично предвидените 3 отсто. Предвидено е кратење на расходите од 48,7 милиони евра и на капиталните инвестиции за исто толку, а предвидено е да се реализираат сите веќе започнати инфраструктурни проекти, како и да се додаде изградба на некои нови училишта во источна и во западна Македонија. Проекцијата на приходите е проектирана на 3,003 милијарди евра. Кај расходите, проекцијата 3,305 милијарди евра. Дефицитот останува проектиран на 302 милиони евра.