ВМРО-ДПМНЕ - Истрагите на СЈО се политички нарачки

Архива - Седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Специјалното јавно обвинителство и пред Апелациониот суд, изјавија дека обвиненијата и истрагите на СЈО се политички нарачки за рушење на угледот и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и раководството на партијата.

Дарко Костовски пред СЈО изјави дека обвинителството е под контрола на СДСМ, а оти случајот „Тортура“ за употреба на прекумерна сила врз Љубе Бошкоски бил смешен и пример за политичко инспирирано обвинение.

Орце Ѓорѓиевски пред Апелациониот суд изјави дека СЈО преку политички организирана хајка создава негативна слика за ВМРО-ДПМНЕ за претсојните локални избори. Тој вели дека барањата за притвор на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ се алатка за притисок врз Апелацискиот суд да не ги поништи првостепените одлуки за одземање на нивните патни исправи, а дека барањата за притвор и мерките за претпазливост се целосно неосновани и без докази, вели Ѓорѓиевски.