Напади со киселина во Лондон, уапсено едно осомничено лице

Реакција на британската полиција по еден од синоќешните напади во Лондон.

Британската полиција уапсила еден тинејџер по серијата напади со киселина во североисточен Лондон при кои најмалку едно лице било сериозно повредено. Според полицијата, нападите започнале доцна синоќа. Две момчиња на мопед фрлиле киселина на друг возач на мопед и потоа му го украле возилото. Четири слични напади биле спроведени во наредните 90 минути. Полицијата соопшти дека инцидентите се поврзани.