Трамп: нема укинување на санкциите против Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не би ги повлекол санкциите против Русија се додека Москва не се согласи да преговара за мировни договори меѓу завојуваните страни во Украина и Сирија. „Никогаш не би презел таков чекор се додека не видам дека нешто е направено во врска со решавањето на ситуациите во Украина и Сирија“, рече тој, додавајќи „Зошто би го правел тоа ако предходно не добиеме нешто“.