Вучиќ: Србија ќе соработува со Грција и Бугарија врз европски принципи

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Грција Алексис Ципрас, Солун, 13.07.2017.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави синоќа во Солун дека Србија е подготвена да соработува со Грција и Бугарија, заеднички за сите прашања и тоа во согласност со европските принципи и стандарди. Тој по трилатералниот состанок на кој учествуваа и премиерите на Грција и на Бугарија Алексис Ципрас и Бојко Борисов наведе дека тоа се однесува на надворешните и на внатрешните предизвици. Вучиќ оцени дека Грција, Бугарија и Србија се десет пати посилни кога настапуваат заедно, отколку одвоено.