Ципрас - Прво решение за името, а потоа приклучување на Скопје во ЕУ и НАТО

Српскиот претседател Александар Вучиќ и грчкиот премиер Алексис Ципрас во Солун

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјавил дека прашањето за името меѓу Атина и Скопје мора да се реши пред Македонија да може да се приклучи на ЕУ и на НАТО.

На заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Солун, Ципрас потврдил дека шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, имаат редовни контакти и оти грчкиот министер за надворешни работи наскоро ќе разговара со медијаторот Метју Нимиц за прашањето за името.

Во Солун денеска се одржува трилатерална средба на премиерите на Грција и на Бугарија, Алексис Ципрас и Бојко Борисов и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.