Министерството за образование и наука почнува постапка за носење нов закон за високо образование. Веќе е формирана работната група која денеска го одржа првиот состанок. Министерката за образование и наука Рената Дескоска-Треневска изјави дека нема да се брза со носење на законот, туку предност ќе се даде на квалитетна дебата со која ќе се дојде до најсоодветните решенија.Таа се надева оти новиот закон ќе се донесе до крајот на годината.