Само што почна расправата за Зврлевски, ВМРО-ДПМНЕ побара пауза

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски

Собранието денеска на продолжението на шестата седница ја почна расправата за Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. За збор се пријавени над 80 пратеници. По обраќањето на заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, претседателот на Собрнието на РМ Талат Џафери даде еден час пауза по барање на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на една од пратеничките групи, Драган Данев.

Предлогот Зврлевски да биде разрешен од функцијата државен јавен обвинител е поднесен од Владата на РМ поради, како што истакна Ристовски, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.