Хан: Западен Балкан да стане дел од ЕУ заради младите

Еврокомесарот Јоханес Хан .

Еврокомесарот Јоханес Хан за време на самитот во Трст денеска порача дека Брисел сака државите од Западен Балкан да станат членки на Европската унија. Тоа, според него, е важно за младите луѓе не ги напуштаат своите држави и да се смират тензиите од минатото со што ќе се содадат услови за нивно останување.

Зборувајќи на самитот на лидери на западнобалканската шесторка Хан рече дека задача на политиката е да обезбеди рамки додека одговорноста за економско поврзување е на бизнис заедницата.