Собранието утре почнува со расправа за разрешувањето на Зврлевски

Архива - 98-ма седница во Собранието на Република Македонија.

Собранието на Македонија денеска во рамки на продолжението на шестата седница донесе одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, односно за правилникот за организација и делокруг на работата на стручните служби на Народниот правобранител и систематизацијата за работните места, со што ќе се овозможи непречена работа на неколкуте канцеларии на Народниот правобранител и тоа во Скопје, Тетово, Куманово, Кичево, Битола, Штип и Струмица.

По пријавата за расправа по следната точка, предлогот за разрешување на јавниот обвинител на Македонија Марко Зврлевски, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот.