Илјадници локални жители и странски гости денеска присуствуваа на одбележувањето на 22 годишнината од масакрот во Сребреница. На церемонијата во Меморијалниот центар Поточари беа погребани останките на 71 жртва заедно со останките на 6500 жртви кои веќе беа погребани таму.
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан во заедничко соопштение порачаа дека вредностите кои пред 22 години биле драматично прекршени сега се во сржта на интеграцијата на БиХ во ЕУ.