Тачи ќе му го додели мандатот на Харадинај

Косовскиот претседател Хашим Тачи.

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека лидерот на Демократската партија на Косово, Рамуш Харадинај има доволна поддршка во Парламентот за да може да формира коалициона Влада по изборите во јуни.

Тачи за Радио Слободна Европа изјави дека ќе му го додели мандатот на Харадинај и покрај шпекулациите дека тој можеби нема да успее да формира коалиција по осовојувањето на 35 отсто од гласовите на изборите. Но, Тачи е убеден дека Харадинај ќе има доволно гласови во Парламентот за да формира Влада.