Сириската армија прогласи едностран прекин на огнот на југот на земјата, поради, како што соопшти, обидот да ги поддржи „напорите за помирување“. Објавата доаѓа на еден ден пред новите мировни разговори кои треба да се одржат во главниот град на Казахстан, Астана. Прекинот на огнот ќе трае до 6 јули на полноќ и не се очекува да ги вклучува и операциите против Исламската држава.
Турција, Русија и Иран посредуваат во мировните разговори. Русија и Иран го поддржуваат режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, додека САД и Турција поддржуваат различни бунтовнички фракции.