Нема притвор за Канческа-Милевска, Пешевски и Трајковски, одземени им се пасошите

Нема притвор за поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, за екс вицепремиерот Владимир Пешевски и за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. Судот одлучил да им бидат одземени пасошите и да имаат обврска да се јавуваат во суд еднаш неделно. Кривичниот суд објави нови одлуки по барањето на СЈО за притвори на поранешни функционери. Канческа-Милевска е обвинета во Тендери, за тендери за Музејот на ВМРО. Нема притвор и за другата обвинета во овој случај. Поранешниот вицепремиер за економски прашања Пешевски е обвинет во Траекторија за избор на компанија за кинеските автопати. Трајковски е обвинет во Т.Н.Т за уривањето на Космос. На четворицата други обвинети покрај Трајковски им се одземени пасошите.

Судот уште не се произнел за барањето притвор за поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Греувски, за екс фунцкионерите Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и за поранешите секретари на Влада, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.

Кривичниот суд донесе одлуки уште за пет други случаи. Во случајот Тарифа, за софтвер за ЕЛЕМ, судот го уважил барањето и на тројца обвинети им е одредена мерка за претпазливост–одземен пасошот и да се јавуват во суд. Мерка претпазлвост има и за обвинет во случајот Трезор, за купување опрема за прислушување. Судот ги одбил предлозите за мерки за претпазливост за предметот „Титаник 2“, кој се однесува на изборни измами . За Топлик, за Сончев град на четворица обвинети им се одземени пасошите и еднаш неделано треба да се јават во суд.

Судот вчера се произнесе за пет случаи.