Армиските сили ги прифатија барањата на демонстрантите во Пакистан

Архива - Протести во пакистан. 29.06.2017.

Заврши денеска еднонеделниот протест во северозападниот племенски регион во Пакистан, откако армискиот шеф – генерал Камар Џавад Баџва се согласи на барањата на демонстрантите за поголема безбедност. Илјадници демонстранти, повеќето шиити, протестираа во Парачинар откако, по двојниот бомбашки напад во маркет во кој загинаа 75 луѓе. Најмалку тројца демонстранти наводно беа убиени на почетокот на неделава, кога безбедносните сили пукаа на толпата за да ја растераат.

Армискиот портпарол во изјава вели дека Баџа се согласил на барањата да биде отпуштен командантот на паравоениот полк одговорен за нападот врз демонстрантите. Тие исто така бараа да биде спроведен нов безбедносен план во областа Курам која се наоѓа на границата со Авганистан, но и поголеми исплати за компензација за семејствата на загинатите во нападите.