Судиите од кривичните совети од Основниот суд Скопје 1 синоќа и денеска ќе решаваат по обвиненијата и барањата за определување на мерки за претпазливост и мерка притвор за случаите на Специјалното јавно обвинителство што вчера беа примени во Судот. Кривичниот суд информираше дека предметите под називот „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“ преку автоматска распределба се доделени во работа за оценка на обвинителен акт кај судијката Моника Бахчовановска. Предметите што се во надлежност на Оддлението за организиран криминал исто така преку автоматска распределба се доделени кај неколку судии. Кај судијката Лидија Петровска е распределен предметот „Тарифа“, кај судијата Горан Бошевски предметите „Трезор “ и „ Тенк“, кај судијата Верка Петковска предметот „Титаник-2“, кај судијата Ленка Давитковска предметот „Топлик“, кај судијата Ивица Стефановски предметот „Тендери“ и кај судијата Татјана Михајлова предметите „ТНТ“ и „Траекторија“. Специјалното јавно обвинителство вчера поднесе 17 обвиненија за 18 предмети против вкупно 94 физички и седум правни лица. Се бара мерка притвор за 18 лица и мерка претпазливост за 47 лица.