Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска ќе се сретнат во Брисел со цел да разговараат за зголемување на трошоците за одбрана и испраќањето на повеќе војници во Авганистан за да им помогнат на властите во борбата против талибанците.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред средбата изјави дека сојузниците се согласиле да ја зголемат бројката на војници во Авганистан, но нема да земат учество во борбите. Според него, силите ќе помогнат да се постави теренот за изнаоѓање политичко решение. НАТО во моментов има 13 500 војници во мисијата во авганистан, а половина од нив се од САД.