Обвинетите дојдоа, предметот за Шамарите го нема
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Обвинението на Специјалното јавно обвинителство за нарачаните „шамари “ заглави во судските лавиринти, па поради тоа доби ново одложување. Наместо во Основен суд 1, предметот се наоѓа во Врховен Суд, а судијката Татјана Михајлова ги убедуваше обвинетите и оштетените дека се наоѓа во Апелациониот суд. Поради тоа поранешниот премиер Никола Груевски на обвинителна клупа повторно ќе седне во септември.