Џафери се заложи за зајакнување на надзорната функција на Парламентот

Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери

Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери

Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери денеска изјави дека Собранието е една од клучните институции за враќање на Македонија во демократските текови и евроатланските интеграции и затоа е неопходно да се зајакне неговата улога. Според него, има подготвеност кај сегашното парламентарно мнозинство за тоа да се оствари. Тој на конференцијата на тема „Зајакнување на улогата на Собранието - помеѓу реформите и политичката волја“ се заложи и за зајакнување на надзорната функција на Парламентот како законодавна власт над работата на извршната власт односно Владата.