Нови хакерски напади во светот

Хакерските напади кои вчера погогодија голем дел од светот не го користеле „ренсомвер“ вирусот наречен „Петја“, соопшти руската компанија за сајбер безбедност Касперски лабс, додавајќи дека станува збор за сосема нов вид вирус. Оваа компанија јави дека најтешко погодени биле Русија и Украина, но оти цел биле и Британија, Германија, Италија, Франција и САД. Погодена била и нуклеарната централа Чернобил.