Министерството за надворешни работи соопшти дека експертот на Европската унија Рајнхард Прибе на денешниот работен појадок со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, ја реафирмирал подготвеноста експертскиот тим да и помогне на Македонија за надминување на посочените недостатоци во неколку важни области кои се однесуваат на владеењето на правото, слободата на медиумите и независноста на регулаторните тела.
Прибе ја нагласил неопходноста од засилен ангажман и мобилизација на релевантните институции во земјата за спроведување на препораките од Извештајот и Итните реформски приоритети. Прибе по работниот појадок кратко за медиумите изјави дека неговата работа само што почнала и не сaкаше дополнително да коментира.