Хан - Груевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите реформи од интерес за граѓаните

Еврокомесарот Јоханес Хан

Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ соопшти дека на средбата на членовите на Извршниот комитет на партијата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски истакнал дека активностите кои се однесуваат на интеграциските процеси треба да се исполнат и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите реформи за кои ќе цени дека се од интерес за граѓаните.

"Тој посочи дека главна цел на Владата на СДС не треба да биде само добивање позитивен извештај, какви Македонија имаше пред политичката криза, туку позитивна препорака за почеток на преговори за членство во Европската Унија" стои во соопштението.

Груевски, како што се додава, истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ја види државата што поскоро како членка на ЕУ и НАТО, што и впрочем и го заслужи, нешто што констатирано на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-та година, како и во 2009-та година од страна на ЕУ.

"Доколку тогаш државата станеше членка на НАТО и отпочнеше разговори со Европската Унија многу од предизвиците со кои се соочи, немаше да се случат, додаде Груевски" се посочува во соопштението.