Врховниот суд одобри дел од забраните на Трамп за влез на граѓаните од муслимански земји

Врховниот суд на САД

Врховниот суд на САД ги поништи дел од одлуките на пониските судови кои ја блокираа администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја спроведе 90-дневната забрана за влегување на патници од шест муслимански земји. Пресудата значи дека извршна наредба на Трамп за забрана за патување може делумно да се наметне. Во октомври.Врховниот суд исто така, се согласи да ги разгледа аргументите во случајот во октомври.Забраната ќе важи за граѓаните на Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен кои се обидуваат да влезат во САД.
Трамп инсистира дека забраната е неопходна за националната безбедност на САД, и покрај реакциите од критичарите кои велат дека со издвојувањето на муслиманите се крши Уставот на САД.