Макрон и Порошенко оптимисти за решавање на конфликтот во Украина

Францускиот и украинскиот претседател, Емануел Макрон и Петро Порошенко по денешната средба.

Францускиот и украинскиот претседател, Емануел Макрон и Петро Порошенко по денешната средба во Париз изразија надеж за остварување на напредок во решавањето на конфликтот во источна Украина. На заедничката прес-конференција тие посочија дека очекуваат нова средба за Украина, во која ќе бидат вклучени и Германија и Русија на почетокот на јули. Порошенко изјави дека е оптимист по средбата со Макрон, кој исто како германската канцеларка Ангела Меркел бил одлучен за решение на конфликтот.

Макрон посочи дека Франција не ја прифаќа руската анексија на Крим, како и ставот на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон дека немирите во Украина не може да бидат решени надвор од мировниот договор.