Турската полиција вчера користела гумени куршуми и солзавец за да го спречи годишниот собир за таканаречната „Парада на гордоста“ во истанбулскиот плоштад Таксим. Ден претходно властите го забранија овој собир. Полицијата истрелала гумени куршуми во правец на насобраните неколклу десетици луѓе кои и покрај забраната се собрале на плоштадот. Градските власти наведоа дека парадата на ЛГБТИ заедницата се забранува поради загриженост за безбедноста на учесниците и туристите, како и на јавниот ред.