ВМРО-ДПМНЕ - Заев да каже што содржи договорот со Бугарија

Седиштето на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку партисо сооштени бара од премиерот Зоран Заев да каже што содржи договорот за добрососедство со Бугарија, обвинувајќи го дека работи на штета на македонските национални интереси и оти од Софија кажал дека ќе брише делови од македонските учебници по историја, како што велат, без да каже кој и како ќе одлучува што да биде избришано.

„Заев отиде во Софија и преговараше за склучување на договор за добрососедство со Бугарија, тврдејќи дека се согласиле за содржината на истиот и дека останува да испијат уште едно кафе пред да го потпишат, без да им каже на граѓаните што и како прифатил. Заев не отвори јавна дискусија, иако во текот на целата кампања ветуваше дебата за сите позначајни прашања за државата, од која сега нема ни Д“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.