Свечена инаугурација на српскиот претседател Вучиќ

На свечена церемонија на која се очекува да присуствуваат многу странски лидери и државници, вечер ќе биде инаугуриран новиот српски претседател Александар Вучиќ. Свечената инаугурација ќе се случи и покрај закажаните протести против како што критичарите ја оценуваат, неговата се поголема моќ во оваа балканска земја.

Вучиќ положи свечена заклетва на 31 мај, на местото на Томислав Николиќ, на церемонијата во парламентот, која пак беше нарушена со протестите во Белград, поддржани од мнозинството опозициски партии и водачи.

Првата победа на Вучиќ на претседателските избори на 2 април се случи речиси една година откако неговата Српска напредна партија (СНС) победи на парламентарните избори, кои на партијата и загарантираа контрола врз целокупниот законодавен и управувачки процес. Церемонијата треба да започне во 19 часот во Белградската палата на Србија, со околу 5.000 присутни, вклучувајќи и високи претставници од САД и Русија. Делегацијата на САД е предводена од Хојт Брајан Ји, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, додека Русија ќе биде претставена од вицепремиерот Дмитриј Рогозин.