Русија спровела воздушен напад врз позиции на ИД во Сирија

руски крстосувачки проектил истрелан од Средоземното море во минатата година врз позиции на ИД во Сирија.

Руското министерство за одбрана соопшти дека биле истрелани крстосувачки проектили од Средоземното море на позиции на милитантната група Исламска држава во Сирија. Двете фригати, Адмирал Есен и Адмирал Григорович, како и подморницата Краснодар истрелале проектили чија цел биле команден центар на милитантната група и депо за муниција во покраината Хама. Русија, која е клучен поддржувач на сирискиот претседател Башар ал Асад спроведува воздушни напади во земјата од септември, 2015 година.