Меј: граѓаните на ЕУ нема веднаш да ја напуштат Британија по Брегзитот

Британската премиерка Тереза Меј и германската канцеларка Ангела Меркел, Брисел, 22.06.2017.

Британската премиерка Тереза Меј вети дека граѓаните на ЕУ нема да мораат веднаш да ја напуштат Британија кога таа земја ќе си замине од Унијата. Меј додаде дека Британија очекува тоа истото да биде направено и за британските граѓани кои живеат во ЕУ. Германската канцеларка Ангела Меркел предложените предлози на Меј на самитот на ЕУ во Брисел ги оцени како „добар почеток“ во преговорите околу Брегзитот кои почнаа оваа недела.