Владата на Македонија на вчерашната седница донесе одлука за дополнителна финансиска поддршка на земјоделците прозводители на праски со слаб квалитет по 6 денари по килограм, се наведува во соопштението владината прес-служба. Владата на седницата констатирала дека имало ненаменско трошење на буџетски средства во предизборниот период за финансирање здруженија и фондации во висина од над 50 милиони денари. Констатирани биле и сериозни пропусти во реализација на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017 на Арената Филип 2, со оглед дека стадионот не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА. Владата на седницата одлучила, како што се наведува, да дозволи мирољубив влез на вооружени сили од САД, за вежбовни активности на Криволак. Станува збор за прва ваква вежба во Македонија, соопшти владината прес-служба.