Американскиот претседател Доналд Трамп ги продолжи санкциите против лица од Балканот кои помагаат или поддржуваат екстремистичко насилство, а кои беа воведени во 2001 година. Санкциите опфаќаат лица „кои се вклучени, помагаат, финансираат или поддржуваат екстремистичко насилство во Република Македонија или на друго место на Западниот Балкан“, го попречуваат спроведувањето на Дејтонскиот договор во Босна, почитувањето на резолуцијата 1244 на ОН за Косово и Охридскиот рамковен договор во Македонија.
Актите на екстремистичко насилство и попречување на наведените активности се непријателски за интересите на САД и продолжуваат да претставуваат невообичаена и исклучителна закана за националната безбедност и интересите на надворешната политика на САД, напиша Трамп во одлуката.