Заев: Сигнал за искрено пријателство од Бугарија

Премиерот Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев на средбата во Софија со претседателот на бугарското Народно собрание Димитар Главчев изјави дека земјата им дала сигнал за искрено пријателство. Главчев потенцирал дека Бугарија има доследна позиција за поддршка на евоатлантската и европската перспектива на Македонија.

Заев и Главчев се согласиле дека договорот за добрососедство ќе го постави партнерството на двете земји на нова основа и ќе го отвори патот за интензивна соработка во сите сфери.

Заев порача и дека на есен очекува отстранување на условената препорака и во 2018 година добивање датум за почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ по сите преземени реформи.