Франција денеска добива нова влада

Мандатарот за состав на француската влада Едуар Филип

Мандатарот за состав на француската влада Едуар Филип денеска би требало да ги соопшти имињата на новите министри. Филип кој беше премиер по победата на Емануел Макрон на претседателските избори на 7 мај во понеделникот, по парламентарните избори, повторно доби мандат да формира влада. Со големо мнозинство во парламентот 39 годишниот Макрон ќе има одврзани раце да ја спроведе ветената програма на реформи и намалување на јавниот дефицит.