Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбајев денеска ја започна петдневната посета на Русија. Тој ќе разговара за билатералните односи меѓу двете земји со рускиот претседател Владимир Путин и со други руски претставници. Треба да бидат потпишани неколку документи за миграцијата, здравството и финансиите. Се очекува Атамбајев да разговара за економските односи со претставници на руските републики Татарстан и Башкортостан, кои јазично, културолошки и историски се блиски со Киргистан. Земјата е членка на Евроазиската економска унија, во која уште членуваат Русија, Ерменија, Белорусија и Казахстан. Во Русија има илјадници киргистански печалбари.