Двајца клучни советници на американскиот претседател Доналд Трамп ќе бидат испратени оваа недела во Ерусалим и Рамала во обид да ги рестартираат израелско палестинските мировни преговори, соопшти Белата куќа. Џаред Кушнер, зетот на Трамп, и советникот за национална безбедност Џејсон Гринблат треба да се сретнат со претставници на двете страни за да ги слушнат нивните приоритети во „потенцијалните идни чекори“, се наведува во соопштението од Вашингтон, во кое се додава дека претседателот Трамп „силно верува дека е можен мир во тој регион“.