Администрацијата на Доналд Трамп соопшти дека наскоро ќе испрати 4.000 нови војници во Авганистан. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џејмс Матис изјави дека претседателот Трамп го овластил тој да донесе одлука за бројот на американските сили и воената стратегија на САД во Авганистан.
Сведочејќи пред Комисијата за одбрана на сенатот, Матис изјави дека за една година, интензитетот на војната и нивоата на корупција во авганистанската влада ќе се намалат. Според неговите зборови Талибанците ќе бидат истерани и нема да бидат во можност да оперираат на бојното поле.
Се очекува 4000 нови војници да ги обучуваат авганистанските сили. Во моментот Соединетите Државиимаат 8400 војници во Авганистан кои работат во рамките на мисијата за поддршка и вршат обука на авганистанските сили.