Британските здравствени власти соопштија дека 19 пациенти кои настрадаа во пожарот во Лондон се уште се на лекување, а десет од нив се се уште во критична состојба и се лекуваат во четири болници. Најмалку 30 лица загинаа во пеколниот пожар на една висококатница во Лондон во средата, а десетици други се водат за исчезнати. Пожарот во зградата доведе гнев од заедницата и протести во врска со одговорот на британската влада. Јавноста исто така, бара одговори за тоа како пожарот се раширил толку брзо покрај извештаите дека надворешноста на зградата била неодамна реновирана.